USAG брендот е создаден во 1926-та година, кога претприемачот Херман Амос ја изградил првата производствена фабрика во Џемонио, Италија под името UTENSILERIA SOCIETÀ ANONIMA GEMONIO.
USAG почнува со производство и функционира во секторот за професионални алати заедно со други мали фирми во Италија. Во 1991-та година USAG станува дел од француската групација Facom Tools S.A., тогаш дел од американската групација The Stanley Works и, од март 2010-та година, дел од мултинационалната групација Stanley Black & Decker Inc.
Силната позиција на USAG во маркетот му овозможи да си го задржи USAG идентитетот, својот бренд и автономијата. Синергијата која дојде од присоединувањето со текот на годините придонесе за развојот на компанијата преку максимизирање на производствените установи и споделувањето на технолошки, логистички и маркетинг способности.