R-M е врвен бренд за бои во автомобилската индустрија за доработка кој е воден според потребите на клиентот и промовира профитабилност преку најдобри решенија и еколошка свест.
R-M филозофијата е базирана на глобална понуда насочена кон долгорочна профитабилност на своите клиенти, преку развој на иновативни и едноставни системи за боење кои ја овозможуваат флексибилноста која е потребна на сите автомеханичарски салони со цел да се зголеми пропусноста и профитабилноста преку намалување на трошењето на материјалите и времетраењето на процесите, истовремено почитувајќи ја животната средина.
Има две работи кои се важни за боењето: најдобрите материјали и проценката на тоа кога, како и каде можат да се направат потребните заштеди на време. Полесно нанесување, подобра моќност на прекривање, поголем сјај, побрзо сушење, исклучителен резултат и подобрена компатибилност со животната средина секогаш биле стандардите преку кои ги мериме сите наши иновации.
R-M Ви овозможува неопходна помош преку трендсетерски системи за поврзување на бои како Color Explorer, Colormaster и Colortronic 2 кои Ви овозможуваат лесно да се соочите со идните предизвици.
Програмите за успех на R-M се пакет од алатки за бизнис анализа кои ви овозможуваат да ги имплементирате препораките со цел да ги подобрите ефективноста и профитабилноста на Вашата работилница.