контакт

Aerservice

ВОЗДУХОТ Е НАШИОТ СВЕТ

Воздухот во сите негови форми е наша страст преку триесет години.

Aerservice се соочува со идентификација и реализација на решенија со цел подобрување на квалитетот на воздухот во работни простории за индустријата, заварување и автомотивните сектори. Ја базираме нашата компетитивна сила на врската помеѓу искуството, спектарот на производите, иновацијата и комерцијалните услуги: целта е да понудиме решенија способни да ги задоволат сите потреби од типот на вентилација, прочистување, аспирација и безбедност.

Aerservice непрестајно работи за подобрување на иновацијата на своите производи и важи за коректна комерцијална услуга карактеризирана преку силен консултациски пристап, пред и по продажбата. Од самиот почеток, сфативме дека чувствителноста кој состојбите на околината во работните простории мора непрестајно да расте. За таа цел, и ден денес нашата цел е да произведуваме опрема и инструменти кои дозволуваат почитување на безбедносните регулации на работното место и да го заштитиме здравјето на луѓето.

Aerservice е активна во повеќе од 50 земји во светот.

Секоја индустриска активност се менува со текот на времето и во согласност со различните чувствителности на ниво на пазарот на државата. Поради оваа причина, иновацијата е една од силните страни на Aerservice, која инвестира во истражувањето и развојот со цел секогаш да се понудат нови решенија на пазарот, преку високи перформанси и соодветност за секој контекст.
Aerservice работи за да ја подобри безбедноста на работникот во работните простории, штитејќи го неговото здравје и помагајќи на компаниите да ги почитуваат постоечките правила.
Производите на Aerservice се резултат на активности на истражување и технолошки развој, насочен кон заштеда на енергија и заштита на животната средина.